Creative

БЕЗ ПРЕДРАСУДИ: Како во Шведска се рекламира козметика за женска интима (видео)

28 ное 2018

Кога станува збор за рекламирање производи за нега на женската интима, рекламните агенции и огласувачите често доаѓаат во комплицирана ситуација.

Прашањето околу кое се издигнуваат дилемите е дали и како да се прикажат гениталиите, а видеата или фотографиите да не бидат вулгарни, ниту, пак, да бидат премногу конзервативни.

Се чини дека ова прашање не е толку голем проблем во скандинавските земји. Таму јавноста без предрасуди го прифаќа прикажувањето женски гениталии и визуелни решенија што јасно асоцираат на женски полов орган.

Деновиве се појави нова рекламна кампања за производите на познатиот шведски производител на козметика и хигиена за женската интима, „Libresse“. Во видеото се прикажани женски полови органи коишто пеат и танцуваат.

Сепак, нема вистинска голотија, туку креаторите смислиле начин како да ја прикажат интимата преку оригами, цртежи, кукли.

Кампањата е дело на агенцијата AMV BBDO, а се нарекува „Viva La Vulva“. Тоа воедно е славење на женсата интима и повик за надминување на половите стереотипи. Ќе се прикажува во Шведска и во Данска.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме