Creative

БЕСТРАШНОТО ДЕВОЈЧЕ ЗАМИНА ОД ВОЛСТРИТ: Стапалки оставени на местото на Fearless girl во Њујорк

30 ное 2018

Две мали стапалки останаа на местото каде што година и пол стоеше познатата статуа „Fearless girl“, којашто беше симбол за борбата на жените за еднаквост во корпорациите и големите бизниси.

Статуата беше поставена во март минатата година, на само неколку метри спроти познатиот Бик на Волстрит во Њујорк.

Статуата е дело на Кристен Висбал, а беше поставена по иницијатива на консултантската куќа „State Street Global Advisors“.

Кампањата ја водеше агенцијата McCann од Њујорк, при што беше упатена конкретна порака до големите берзански играчи на Волстрит. Од нив се бараше да поведат грижа во своите редови да ја почитуваат рамноправната положба меѓу мажите и жените, особено во раководните компаниски позиции.

За кусо време откако беше поставена, статуата стана една од главните туристички атракции во Њујорк. Десетици илјади туристи месечно се фотографираа покрај статуата, а во знак на поддршка на женските иницијативи за рамноправност.

За смислувањето на кампањата и ефикасната порака што се испраќа преку девојчето што му пркоси на разјарениот бик, агенцијата „MCann“ се врати со две гранд-при награди од фестивалот во „Кан.

Сепак, после година и осум месеци, на 28 ноември годинава, малечката статуа беше отстранета. На нејзино место стои бронзена плоча, со стапалки поставени точно на местото каде што беа и нејзините стапала.

Врежана е и порака, со која од минувачите се бара да ја заземат позицијата на бестрашното девојче и да дадат поддршка за пораката што се испраќа преку неа.
 

Во меѓуреме статуата треба да биде позицининирана на друга локација, односно  во близина на Њујоршката берза. Според најавите од властите во Њујорк, на локација кај Берзата, до крајот на оваа година, ќе биде реместен и бикот, којшто исто така е една од најфотограираните атракции на Волстрит.

Целта на преместувањето е двете статуи да добијат поголем простор за посетители.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме