Creative

ОД ВРЕМЕТО НА КАСЕТИТЕ, ПА ДО ДЕНЕС: Шармантна празнична приказна за односот татко-син (видео)

02 дек 2018

Во екот на божиќните и новогодишните празници, телевизискиот простор е окупиран од реклами со празнична атмосфера. Од напливот од вакви видеа се издвојува кусиот филм на францускиот телекомуникациски оператор „Bouygues“.

Прикажана е шармантна приказна за односот татко-син, проследен со сите технолошки измени во начинот на комуникација.

Видеото почнува со божиќна сцена, во која синот е уште во пелени, а неговиот татко игра од среќа на мелодијата „Come and Get Your Love“.

Времето тече, се редат нови празници, детето расте, а таткото и натаму на секој Божиќ ја пушта истата мелодија и игра од среќа што го има синот покрај себе.

Начинот на кој завршува видеото ги потсетува гледачите дека комуникацијата не е само во технологијата, туку и во неизмерната љубов кон децата.

Зад реализацијата на видеото стои агенцијата BETC од Париз.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме