Creative

БРЕНДОТ СЕ ПОЗНАВА ПО БОИТЕ: Логото на Мекдоналдс претворено во светлосни зраци

18 дек 2018

Во Обединетите Арапски Емирати се појави нова кампања за Мекдоналдс, наменета за печатени медиуми и платформи. Фокусот во кампањата е за услугата за брза достава на храна, McDelivery што се нуди од познатиот синџир ресторани.

Авторите на креативниот дел од кампањата имале задача да ја доловат брзината на достава на оброците од Мекдоналдс.

Крајното решение, коешто изгледа како добар избор, се прекршени светлечки зраци што асоцираат на движење со брзина на светлината.

Воедно, зраците ги имаат препознатливите бои на „Мекдоналдс“, така што корисниците бргу можат да разберат за кој бренд се работи. Препознавањето оди до таму, што може да се увиди и за кој од популарните седвичи станува збор на постерите, односно дека меѓу друите се работи и за Биг-мек, како и за помфрит.

Кампањата почна месецов, на пазарот на Блискиот исток, а зад неа стои агенцијата DDB.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме