Creative

НЕ СЕ ПОТРЕБНИ МИЛИОНИ: Кус филм од само 55 евра им ги стопи срцата на гледачите (видео)

23 дек 2018

Големите продукции трошат милиони евра, долари, фунти за да направат божиќни и новогодишни видеа. Но, не секогаш парите се гаранција дека ќе го привлечат вниманието на гледачите.

Пример за тоа е кусиот филм на Phil Beastall, од Велика Британија. Видеото, како што пишува британски „Independent“ го снимил уште во 2014 година и тоа за буџет од 50 фунти (околу 3.500 денари).

Видеото тогаш не било многу забележано од публиката. Но, годинава била направена негова реобјава и за кратко време станало вирално на социјалните мрежи.

По бројките на гледаност кусиот филм на Фил Биестал ги надминало и „блокбастерите“ во рекламната продукција. Меѓу поразените е и видеото на познатиот огласувач „John Lewis“ во кое се појави и легендарниот музичар Елтон Џон.

Кампањата на Биестал е со божиќна тематика, а пораката што се испраќа на крај до гледачите е дека љубовта е најдобриот празничен подарок (Love is a gift that lasts forever).

Главен лик е маж, на возраст од триесет години. За неговиот триесетти Божиќ тој отвора кутија со аудио-касети на кои е снимен гласот на неговата почината мајка.

Ретко кој би останал рамнодушен на пораките што му ги кажува неговата мајка. Токму едноставноста во приказната и јасните пораки, се елементите што го направиле ова видео вирално на социјалните мрежи.

„Се чини дека луѓето го сакаат филмот поради неговата приказна. Не ви е секогаш потребен голем буџет, туку само добра нарација со јасна порака. Верувам дека полека ќе се случат промени што ќе ја преферираат едноставноста во маркетинг индустријата“, вели авторот на кампањата.

(AdToDate.mk/Извор: independent.co.uk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме