Creative

ШВЕДСКИ ДИЗАЈН: Конструиран велосипедски шлем во форма на фризура

27 дек 2018

Голем дел од сериозните повреди при пад од велосипед се во делот на главата, а причина за тоа е неносењето заштитен шлем. Децата се тие што најчесто избегнуваат да ги стават незгодните и гломазни шлемови.

Поттикнати од идејата да им понудат на децата производ што ќе им биде попримамлив, дизајнерите од агенцијата NORD DDB од Стокхолм се нафатиле на необичен предизвик - да дизајнираат велосипедски шлем што ќе има форма на „кул“ фризура.

За почеток биле направени само неколку примероци и биле промовирани преку интернет и преку медиумите. Одговорот од идните корисници бил исклучително позитивен. Се огласила и фирма што се заинтересирала да почне да ги произведува шлемовите од новиот бренд.

Првите две „фризури“ во кои ќе бидат достапни шлемовите се „The Bob“ и „The Monk“.

01_116s_CA0101_Helmet_Hair_Casefilm from Anna Johansson on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме