Creative

ПОДАДЕТЕ РАЦЕ КОН СВЕТОТ: Кусо видео што многумина треба да го погледнат

02 јан 2019

Затворени во себе, без желба да се погледне светот околу себе и да им се се помогне на другите. Тоа е сликата за луѓето во модерните општества. Барем така се укажува во кусиот анимиран филм што стана глобален хит за време на божиќните и новогодишните празници.

Се работи за општествено одговорна кампања на една од водечките банкарски корпорации во Обединетите Арапски Емирати, „Emirates NBD“, како и компанија-лидер кога станува збор за волонтерски активности.

Нивниот нов спот е поврзан со дел од нивните волонтерски иницијативи, а кои подразбираат помагање на луѓето околу себе. Во тој контекст, кусото видео се вика „Give In To Giving“.

Пораката што се испраќа преку видеото е да ги поттикне граѓаните на Емиратите да издвојат повеќе време од своите животи и да се вклучат во волонтерски организации со што би придонеле за социјален напредок на општеството.

Приказната во видеото нема потреба да се објаснува дополнително. Самата за себе е доволно инспиративна.

Зад реализацијата на кампањата стои агенцијата Leo Burnett од Дубаи.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме