Creative

НЕ Е БОГ, НО ДОБРО ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ: Морган Фримен повторно ги покажува своите моќи пред камера

13 јан 2019

Познатиот американски актер Морган Фримен се појави во реклама, во која прави пaродија од неговата позната улога на Бог од фимот „Семоќниот Брус“ (Bruce Almighty).

Фримен јасно нагласува дека не е Бог, но и натаму неговите посебни „моќи“ доаѓаат до израз. Му отвораат врати, го величат, а тој не прави ништо посебно.

Сепак, единствената моќ што ја има е далечинскиот управувач во неговиот дом, каде може, како Бог, да го менува времето, односно температурата.

Се работи за реклама за израелскиот бренд за електронски уреди за домаќинство и за широка потрошувачка, „Тадиран“.

Кампањата ја води агенцијата „Boroda Kaplan“, а режисер на кусото видео е Рани Кармели.

Tadiran - Morgan Freeman from Rani Carmeli - Director on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме