Creative

БИЗНИСИТЕ НА УДАР: Како би изгледал кибернетски напад во реалниот свет (видео)

14 јан 2019

Креативците од лондонската агенција AMV BBDO смислија одличен начин да прикажат како би изгледал кибернетски напад во реалноста. Идејата им е да укажат колку лесно малите бизниси можат да станат жртви на хакерски напади и да се соочат со целосна кибернетска кражба на нивниот бренд, име, промет, услуги.

Како пример е избран мал велосипедски сервис во Лондон. Вработените не се известени дека ќе бидат дел од експериментот во кој главното сценарио е - кибернетски напад во живо.

Кусото видео ги прикажува вообичаените тактики што ги преземаат хакери при изведување кибернетски напад.

Пред да почне реализацијата на сценариото, вработените во сервисот биле известени од менаџментот дека тој ден ќе имаат видео-екипа што треба да направи рекламно видео за нивниот простор.

Камерите почнуваат да снимаат и тогаш стартува „нападот“.

Од другата страна на улицата одеднаш се отвора идентичен велосипедски сервис, со истото име, бои и лого. Новиот сервис ги нуди истите производи и услуги, како во вистинската велосипедска продавница.

Вработените се збунети. Мислат дека се работи за некаква грешка. Но, тогаш почнуваат да пристигнуваат и нарачките. Наместо во вистинскиот, одат во другиот дуќан.

Во еден миг и маса народ влегува во стариот сервис и целосно ја блокира работата на вработените, кои се веќе долго време избезумени за тоа што се случува.

На крај ја дознаваат вистината, односно дека биле изложени на неколку можни сценарија што се случуваат за време на кибернетски напади врз малите бизниси и брендови.

Огласувачот за кого е направено кусото рекламно и поучно видео е компанијата „Hiscox“, којашто се занимава со кибер-безбедност.

„Малите бизниси не се свесни за растечката закана што доаѓа со кибер криминалот. Еден таков напад може лесно да го парализира бизнисот и целосно да го украде“, вели Оливиа Хендрик, макретинг директорка во „Hiscox“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме