Работите можат да тргнат наопаку токму тогаш кога не сте се надевале или кога не треба. Но, наместо да ги расипете сопствените планови, потребно е да се погледне од ведрата страна и да се каже „на здравје“.
Тоа е пораката во новата кампања на познатиот пивски бренд „хајнекен“, што е пласирана на индонезискиот пазар.
Во видеото се прикажани траги-комични ситуации од секојдневието. Луѓе се подготвуваат за празник, забава, ручек, пречек на гости. Но, во последен миг се случува настан што целосно ги вади од колосек планираните случувања.
Наместо да си го расипете расположението, опуштете се и наздравете со пијалак. Така барем порачува „хајнекен“ во ова забавно видео.
Зад кампањата стои агенцијата Publicis од Сингапур.
(AdToDate.mk)