Creative

БРУТАЛЕН МАРКЕТИНГ: Кога родителите им прават пранк на сопствените деца (видео)

23 јан 2019

Данскиот телекомуникациски провајдер „Stofa“ продолжува во својот комичен стил да ги промовира своите услуги. После бабите што ги хакираа своите внуци, компанијата се реши да оди чекор понатаму.

Во новата кампања, родителите се тие што си поигруваат со децата, а резултатите се повеќе од урнебесни.

Без знаење на децата, поставени се камери во нивните соби кои ги снимаат додека играат онлајн игри. Но, за да биде приказната поинтересна, технички тимови од телекомуникацискиот оператор намерно го ослабуваат ви-фи сигналот.

Младите гејмери се соочија со необјасниви прекини на конекцијата и тоа токму во моменти кога се наоѓаа во најинтересните делови од нивните компјутерски игри.

Иако тоа не беше дел од планот на пранковите, родителите ја видоа и избувливата страна на своите деца исполнета со бројни пцости и прекумерни неконтролирани реакции.

Главната поента, пак, на операторот беше да покаже што може да се случи ако во домот нема добра покриеност со безжичен интернет сигнал.

За да избегнат несакани ситуации, на корисниците им нудат и апликација со која може да се увиди во кои делови од домот има т.н. џебови на лоша конекција.

Во продолжение погледнете како изгледаше кампањата на истиот провајдер, а во која баби беа обучени да ги хакираат внуците.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме