После три месеци работа на битен проект, клиентот ви вели „Всушност, сфатив дека црвената боја не ми се допаѓа“. Како да се реагира во таков случај? Дали да се прифати новото барање на клиентот или да се обидете да му објасните дека сепак црвената боја му е омилена?
Одговорот на ова прашање треба секој индивидуално да го најде. Но, тоа што е неодминливо е дека нелогичните барања што клиентите ги упатуваат кон маркетинг агенциите со кои соработуваат, секогаш ќе доаѓаат.
Креаторите на платформата „BeeWits“ подготвија постери со најчести барања од т.н. „shit clients“. Голем дел од примерите ја отсликуваат неразумноста и нелогичноста во начинот на кој размислуваат дел од клиентите што бараат маркетинг услуги.
(AdToDate.mk)