Со среден прст ем кон медиумите, ем кон политиката, ем кон секојдневниот стрес реагираше британската премиерка Тереза Меј, на која очигледно ѝ е веќе преку глава од функцијата.
Така изгледа кусото комично видео во кое „главната улога“, барем до половина од содржината, ја има премиерката.
Шефицата на британската влада е прикажана во две различни светла. Првично таа им упатува воздржана насмевка на новинарите кои ја прашуваат дали планира да поднесе оставка. Веќе во следниот кадар ја гледаме премиерката, односно жената што ја глуми Тереза Меј, како зад вратата бесно возвраќа со среден прст.
Во основа се работи за креативен оглас за работа во британската продукциска куќа и маркетинг агенција „Yes“. Тоа се гледа дури на крајот од видеото.
Според начинот на кој ги повикаа креативците во своите редови, може да се очекуваат уште многу одлични и духовити маркетинг содржини од оваа продукциска куќа.
(AdToDate.mk)