Creative

НОРВЕШКИ МАРКЕТИНГ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ: Снимија реклама што не е за гледање во јавност (видео)

10 фев 2019

Најпознатиот норвешки бренд за сексуални помагала „Kondomeriet“ годинава слави 30 години постоење. По тој повод решија да се рекламираат со видео, чија содржина не е сосема соодветна за гледање во јавност.

Рекламното видео е именувано „Food porn“ и во ниту еден момент не прикажува голoтии, ниту секс. Сè што им се „сервира“ на гледачите е примамлива и вкусна храна, но асоцијацијата во снимените сцени е многу јасна.

Зад оваa креативна и добро смислена кампања стои тимот на норвешката маркетинг агенција „Пол“ од Осло.

Видеото нема експлицитна содржина за возрасни, но пораката што ја испраќа брендот е повеќе од разбирлива.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме