Campaigns

ПОРАДИ ШЕФУВАЊЕ ВРЗ ОДЛУКИТЕ: Престижната Букерова награда остана без спонзор, можно е преименување

27 јан 2019
Сè уште не е јасно како брендот „Букерова награда“ ќе се именува во иднина. Според Букеровата фондација, веќе се водат преговори за нов спонзор и за одржување на наградата

ПИЈАЛАК ЗА СИТЕ: Кока-кола ја велича разноликоста во нова хуманитарна кампања (видео)

24 јан 2019
Идејата што се нагласува е дека „кока-кола“ е пијалак за сите. Во таа насока одат и зборовите во видеото: „Сите имаме различни срца и раце; Глави што носат различни погледи. Гледате? Различното е убаво. Но, и кога сме заедно, е убаво“

ОВА Е ЧИСТ ХОРОР: Реклама за нега на кожа ќе ве извади од памет (видео)

23 јан 2019
Рекламната кампања е наречена „Killer Skin“, а во неа се прикажани сцени какви што се гледаат во најтензичните хорор филмови. Прашање е колку гледачите ќе имаат храброст да ги догледаат видеата до крај

НАЈАВА ЗА СУПЕРБОУЛ: „Бадвајзер“ промовира пиво произведено со обновлива енергија (видео)

23 јан 2019
Насловена „Wind Never Felt Better“ приказната ја нагласува посветеноста на „Бадвајзер“ кон обновливите извори на енергија. Во тој контекст оди и легендарната песна „Blowin’ in the Wind“ од Боб Дилан

ГОТВЕТЕ СО „ЊУЈОРК ТАЈМС“: Познатиот весник промовира каталог со илјадници новинарски рецепти

23 јан 2019
Во изминатата година електронското издание на „NYT Cooking“ достигна 120.000 претплатници, а само во ноември и декември рецептите и советите за храна ги прочитале 25 милиони уникатни корисници (unique users)

ХИСТЕРИЈА ВО БРАЗИЛ: Како „кока-кола“ рапидно си ја зголеми продажбата и собра милиони фанови

16 јан 2019
Поврзување со младите Бразилци била главна цел на кампањата, во која биле ангажирани и најголемите тамошни музички ѕвезди. Прогласот во јавноста бил даден на 26 декември, 2017 година. Тоа што потоа се случувало, може да се изедначи со хистерија

ТРАМП СИ ДАДЕ ОСТАВКА: Објавен лажен „Вашингтон пост“ во кампања на либерални активисти

16 јан 2019
Активистите својот проект го финансирале преку апликацијата „GoFundMe“, при што собрале 36.000 долари. Биле испечатени 25.000 примероци од лажниот „Вашингтон пост“ и освен во главниот град, биле дистрибуирани и низ Њујорк и Лос Анџелес

ТОКСИЧНА РЕКЛАМА ПРОТИВ МАЖИТЕ: Остри критики кон Gillette за новата кампања (видео)

15 јан 2019
Реакциите се кон новата кампања што почна да се емитува деновиве во САД, а во која главната порака е дека од мажите се бара да бидат подобри. Така и познатата фраза „The Best a Man Can Get“, стара три децении, доби нова, прашална форма
прикажани (од 9 до 16) од вкупно: 307 | претходни | следни
Creative
Напишавме