Creative

ДАЛИ Е ЕКСПЛОЗИЈА ИЛИ ПРЖЕНО ПИЛЕШКО: Креативни огнени постери на „Кентаки фрајд чикен“

20 апр 2018
Компанијата, за да го прикаже ефектот од зачинетата и лута храна, своите парчиња пржено пилешко место ги рекламира како експлозија и пламен. Постерите се комбинација од реални фотографии и добра обработка во „Фотошоп“

ДА ЖИВЕЕ ПРВИ МАЈ: Другари и другарки, кога немате идеја оставете Рамбо Амадеус да си најави концерт

19 апр 2018
Во единаесетте минути од најавното видео ќе се изнаслушате сè и сешто во духот на социјализмот, како и препорака дека оваа реклама-песна треба да се пушта преку прозорец, преку тераса, автомобил и преку сите останати средства што емитуваат звук

ФИЛМСКА КЛАСИКА И БАКНЕЖ: Легендарна љубовна сцена на официјалниот постер за Канскиот фестивал

16 апр 2018
На постерот се прикажанани актерите Жан Пол Белмондо и Ана Карина, како се бакнуваат во филмот од 1965 година „Лудиот Пиеро“

РЕКЛАМА СО НАЈЛОША ПЕСНА: Новите генерации и кичестите електро-поп-рок звуци од осумдесеттите

13 апр 2018
Како би реагирале денешните млади генерации доколку се изложени на песна во која се вметнати сите најлоши елементи од музиката во осумдесеттите

СО РЕНО ВО „ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ“: Францускиот теренец се најде среде битка со ласери (видео)

12 апр 2018
Се работи за рекламно видео за теренското возило на „Рено“, а во кое се искористени сцени од филмот „Соло“, кој е дел од филмската авантура „Војна на ѕвездите“. Филмот премиерно ќе биде прикажан во мај, а приказната во него е за капетанот Хан Соло

ЌЕ ВЕ ФАТИ КРИЗА ЗА БЛАГО: Едноставна и слатка љубовна приказна за познатите „Munchmallow“ колачиња

05 апр 2018
Инспирација на креаторите им биле сите детски фантазии што ги имавме кога во раце ќе ги земевме светкавите фолии, што лесно се превиткуваа и добиваа форми какви што можеше да замисли само нашата имагинација

ИНОВАЦИЈА ОД Т-МОБИЛЕ: Патиките користете ги како мобилен телефон (видео)

02 апр 2018
Патиките се розеви „старки“, а во нив е вградена цела електроника, што ги прави да функционираат како паметен мобилен уред. Имаат можност за телефонски повици, за слушање музика, за онлајн-поврзување на социјалните мрежи, како и за правење селфи

„КОКА-КОЛА“ ИМ ВРТИ ГРБ НА АГЕНЦИИТЕ: Фриленсери повикани да дизајнираат за светскиот бренд

28 мар 2018
Експериментот почна тивко уште во октомври минатата година, при што на дизајнери од целиот свет им е дадена можност, преку алатките што ги нуди „Adobe“ да креираат свои визуелни решенија за производите на „Кока-кола“
прикажани (од 1 до 8) од вкупно: 207 | следни
Campaigns
Напишавме